
Спортинг Лисабон ќе треба да бара нов тренер на местото на неодамна назначениот Жоао Переира, кој дојде средината на ноември на местото на поранешниот тренер Рубен Аморим. Конечната одлука сè уште не е донесена, но сè укажува на таков исход, пренесуваат медиумите во Португалија.
Се очекува раководството да се сретне со Переира по Божиќ, по што ќе бидат дефинирани сите административни детали поврзани со прекинот на соработката. Се очекува сè да биде финализирано уште пред претстојното дерби со Бенфика на 29 декември (недела).
Под водство на 40-годишниот стратег, Спортинг одигра осум натпревари, во кои тимот доживеа четири порази и победи само трипати. Претходно, екипата од португалската престолнина имаше предност од шест поени на врвот, но сега е на делба на втората позиција со Порто и има еден поен помалку од градскиот ривал Бенфика, кој се искачи на лидерската позиција.
Се разбира, тоа би можело да се промени за само пет дена, но малку е веројатно дека ќе се случи под водство на Переира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
