Connect with us

Спировски: Ќе ја оправдаме фаворитската улога

Македонската фудбалска репрезентација в петок против Лихтенштајн ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар следната година. Нашиот тим од позиција на фаворит влегува во пресметката.

„Фаворитската улога е кај нас, но наше е да дадеме максимум на терен кој и да биде во стартните 11 и ако тоа го направиме нема од што да стравуввме и мислам дека и овој натпревар е важен колку и ој што следува по него. Во модерниот фудбал, апсолутни фаворити нема, но мора да ја играме нашата игра и ако тоа го направиме нема за што да стравуваме. Мислиме дека ќе ја оправдаме улогата на фаворити” – смета Стефан Спировски.

Во однос на загубените бодови во претходните дуели од овие квалификации, Спировски смета дека ги изневерил факторот среќа.

„Ни недостасуваше среќа, направивме доволно шанси за гол, но факторот среќа фалеше за од тие три натпревари да имаме плус четири бода“ – рече Спировски.

По овој квалификациски прозорец, македонската репрезентација ќе го одигра и дуелот против Германија в понеделник во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови