Connect with us

Спалети: Оваа победа е порака за нас самите дека Наполи има неверојатна моќ

Наполи оствари голем чекор напред во трката за титулата откако го декласира Јувентус во Неапол со 5-1. Тимот на Лучијано Спалети сега има 10 бода предност пред „бјанконерите“, а во листата на стрелците се запиша и Елиф Елмас кој го постигна петтиот гол.


„Прекрасна вечер! Тимот одржуваше високо темпо во текот на целиот натпревар, а публиката создаде неверојатна атмосфера. Овие момци знаат како да добијат дополнителна енергија од љубовта на поддржувачите. По голот на Јувентус реагиравме на вистински начин, а ни помогна и поддршката од трибините“, изјави Спалети.

„Ким и Рахмани не се загрижени да играат 30-40 метри напред и понекогаш мораме да бркаме долги топки зад грбот на одбраната, но тоа е нашиот стил. Кога ќе ја изгубиме топката, веднаш притискаме за да ја вратиме назад. Осимен е одличен напаѓач. Импресиониран сум од тоа колку потенцијал има и едвај чекам да видам што ќе постигне во иднина“, го пофали Спалети нигерискиот репрезентативец кој беше двоен стрелец.

„Оваа победа е порака за нас самите. Сите екипи страдаат против Јувентус, бидејќи е вистински колос и со серијата победи се искачи на второто место. Пред натпреварот си кажавме дека не сакаме да бидеме внимателни или колебливи. Напаѓавме, игравме отворено и го контролиравме натпреварот“, нагласи тренерот на Наполи.

„Како ќе славам? Моите деца пристигнаа од Милано и јас ќе вечерам со нив“, додаде Спалети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови