
Разделбата меѓу Наполи и тренерот на тимот Лучијано Спалети е само прашање на време, меѓутоа тој се погрижи засекогаш да остане во него споменот од освоената трета титула на Италија за „партенопеите“.
Спалети реши да го овековечи своето скудето со Наполи со тетоважа на левата рака, а фотографијата од креацијата на Валентино Русо брзо доби внимание на социјалните мрежи.
Spalletti tatuou o scudetto do Napoli no antebraço.
— Calciopédia (@calciopedia) May 26, 2023
📸: @valentinorussotattoo (no Instagram) pic.twitter.com/e036NrdS17
Самата тетоважа, која е прва за тренерот, е растргнато месо, зад кое се гледа амблемот на наполитанскиот клуб, како и „скудетото“ со бројот три, симболизирајќи го бројот на титули на „наполитанците“. Овој триумф е исклучително важен не само за тимот што го чека 33 години, туку и за искусниот стручњак кој со 64 години стана најстариот тренер кој ја освоил својата прва титула во Италија.
Интересно е што пред една година тренерот на Милан, Стефано Пиоли, направи слична тетоважа откако го освои шампионатот со „росонерите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
