Connect with us

Состави: Македонија ја засили дефанзивата, Лукаку и Доку во нападот на Белгија

Селекторот Благоја Милевски и белгискиот стратег Руди Гарсија ги открија почетните 11 еден час пред стартот на натпреварот, со што ги открија своите тактички визии за пресметката на арената „Тодор Проески“.

📋 Стартни состави:

🇲🇰 Македонија:
Димитриевски; Илиевски, Муслиу, Зајков, Стојчевски; Алиоски, Атанасов, Барди, Костадинов; Елмас, Миовски.

🇧🇪 Белгија:
Селс; Дебаст, Фаес, Муние; Де Кујпер, Ванакен, Раскин, Де Бројне, Салемакерс; Доку, Лукаку.

Македонската селекција влегува во овој натпревар од лидерската позиција во групата, со четири бодови од првите две средби. За разлика од нив, Белгија го започнува својот квалификациски пат токму од Скопје, што дополнително го зголемува влогот на оваа средба. Победа за „црвено-жолтите“ би значела голем чекор напред кон остварување на соништата за нов настап на Светско првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови