Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не е среќен по денешниот пораз (0-1) од Астон Вила во Премиер – лигата.
„Очигледно сум разочаран бидејќи голот беше од офсајд. Тешко е кога ќе се донесе таква одлука против тебе. Се разбира, кога губите, постои вознемиреност. Може да прифатите кога ќе примите гол, но овојпат имаше офсајд позиција. Како може ова да се смета за гол, а во друг случај не? Ние пропуштивме шанса за бод. Бевме многу агресивни но немаше завршен удар, последното додавање и реализацијата не беа најдобри“, изјави Норвежанецот.
Манчестер јунајтед во самиот финиш пропушти да изедначи од пенал. Ударот од 11 метри на Бруно Фернандеш заврши над голот на гостите.
По шест натпревари, Манчестер јунајтед има 13 бода, додека Астон Вила собра 10.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













