Манчестер Јунајтед направи одлични потези ова лето доведувајќи ги Рафаел Варан во одбраната и Џејдон Санчо и Кристијано Роналдо во нападот. Но, менаџерот Оле Гунар Солскјер го мачи средниот ред и заминувањето на Пол Погба. Французинот игра одлично од почетокот на сезоната, но по нејзиното завршување ќе може да замине како слободен агент.
Најавите се дека Погба ќе се пресели во Реал Мадрид, а Солскјер веќе ја планира неговата замена. Тој побара од раководството да се обиде да го доведе Франк Кеси, играчот за врска на Милан.
24-годишниот Кеси е атрактивна опција за Јунајтед бидејќи има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да му понудат одлична плата за да го доведат на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













