Вардар беше единствениот македонски прволигаш кој влезе во пролетната полусезона без одработени подготовки, па снежните врнежи и одложувањето на најголемиот дел од натпреварите во првото пролетно коло им се погоди на „црвено-црните“. Добиваат шанса да одработат неколкудневни мини-подготовки и тоа ќе го реализираат во Охрид.
Очигледно дека и финансиски најтрофејниот клуб полека почнува да функционира, па тренерот Никола Илиевски Џиџи заедно со соработниците ќе има подобри услови за работа.
Вардар во првото пролетно коло, кое сега е одложено за 21 февруари, ќе го пречека вечниот ривал Пелистер во Скопје.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













