Connect with us

Слован Братислава и Карабах ја чекаат Шкендија, а Вардар може да игра со Шамрок, Силекс со Рапид, а Работнички со Австрија Виена

УЕФА денеска ќе ги одреди и евентуалните ривали на македонските претставници во второто квалификациско коло во европските фудбалски натпреварувања. Ждребот за ЛШ е закажан за 12 часот, а два часа подоцна ќе биде и извлекувањето за Конференциската лига.

Шампионот Шкендија, доколку го победи ТНС, би можела да игра против Слован Братислава, Карабах, како и со победниците од мечевите ФЦСБ – Интер Клуб Десалдес и Олимпија Љубљана – Каират.

Има опција и доколку загуби, тогаш ќе биде носител во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Во ова натпреварување, Македонија има три претставника.

Вардар има голема шанса да ја елиминира Ла Фиорита од Сан Марино, а потоа би можел да игра со Шамрок, Санта Клара, Балкани, Данди јунајтед и Лозана.

Силекс ако го елиминира Дечиќ од Црна Гора, може да налета на Рапид, Јагиелонија, Универзитатеа Крајова, како и победниците од дуелите Атлетик Клуб Десалдес – Дуделанж и Биркиркара – Петрокаб.

Работнички, ако го елиминира белорускиот Торпедо-Белаз, ќе може да се соочи со Макаби Хаифа, Арарат, Австрија Виена, Пушкаш Академија и победникот од мечот Борац Бања Лука – Санта Колома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови