Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше повеќе од задоволен по победата од 2-0 против Реал Мадрид. Тимот од Мерсисајд не успеал да го победи овој противник од 2009 година, па затоа овој триумф има посебно значење. Тој откри и што им кажал на играчите на полувремето за да ги инспирира за победата.
„Сметам дека во првите 45 минути бевме премногу нетрпеливи. Секоја опасност што ја создаваше противникот, а тоа не се случуваше често, доаѓаше од наши грешки. Затоа им кажав дека можат многу повеќе. Дека треба да играат со поголем интензитет и повеќе да ја задржуваат топката. Им реков да заборават против кого играат и да го прават она што секогаш го прават, со надеж дека ќе создадеме повеќе шанси“, изјави Слот.
„Оваа победа е посебна од останатите натпревари, бидејќи игравме против тим што толку многу пати ја освоил Лигата на шампионите. Тие се актуелните носители на трофејот и доминираат во Европа во последните години. За нас, пак, беа вистински трн во петите“, додаде Холанѓанецот.
По оваа победа, Ливерпул е на врвот на табелата, но Арне Слот сè уште не може да процени колкаво значење има овој факт.
„Со овој чуден формат на Лигата на шампионите, ми е тешко да проценам колку се важни нашите победи досега. Ако го сретнеме Реал во осминафиналето и повторно ги победиме, тоа ќе биде многу поголема порака“, додаде Слот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













