Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ја коментираше изјавата на Мохамед Салах, кој повторно истакна дека сè уште нема добиено понуда за нов договор, иако неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната.
„Не мислам дека тој е деконцентриран поради тоа. Не ги видов неговите коментари по натпреварот со Манчестер Јунајтед, ниту денес. Тој продолжува да постигнува голови. Целосно е фокусиран на утрешниот натпревар. Ако бевте на тренингот, ќе видевте дека никој не зборува за тоа, барем не додека бев јас таму. Мо не изгледаше тажен. Тој доаѓа на тренинг секој ден со насмевка. Еден од најсреќните луѓе во клубот е“, изјави Слот.
Тој потврди дека Трент Александар-Арнолд е закрепнат, но нема да стартува против Реал Мадрид.
„Трент е во составот, но нема да започне. Може да влезе, но ако сè оди според планот, тоа нема да биде потребно. Харви Елиот е во тимот, но не играл долго време. Алисон сè уште не е подготвен, исто како и Диого Жота и Костас Цимикас“, објасни менаџерот на Ливерпул.
„Реал Мадрид и Манчестер Сити доминираат во европскиот фудбал последните години заедно со Ливерпул. Ова е посебна недела за нас. Ако си Ливерпул, секогаш сакаш да бидеш дел од големите натпревари“, истакна Слот.
„Црвените“ утре играат против Реал Мадрид, а во недела го пречекуваат Манчестер Сити.
„Да го победиш Реал Мадрид е многу тешко, не само за Ливерпул, туку за секој тим во Европа. Тие можат да победуваат на различни начини. Тоа е причината зошто толку многу пати го освоиле турнирот. Можат да доминираат, но дури и кога се соочуваат со тешкотии, секогаш наоѓаат начин да стигнат до успехот и да продолжат понатаму. Тоа ги прави посебни“, додаде тој.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski