Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази огромен респект кон првиот противник на неговиот тим во Лигата на шампионите, Милан. Натпреварот се игра вечерва на „Сан Сиро“, а „црвените“ ќе се обидат да се вратат на победничкиот пат по сензационалниот пораз од Нотингем Форест во викендот.
„Не мислам дека некој тренер чувствува страв од друг тим, но без сомнение покажуваме голем респект кон Милан. Тие имаат класа и покажаа дека се во добра форма со победата од 4-0 над Венеција. Сигурно не се плашиме, но го почитуваме противникот“, изјави Слот во престет на мечот.
„Тешко е да се каже колку бода ќе ни бидат потребни за да се квалификуваме за следната фаза. Со Феенорд еднаш ја поминавме групата со 6 бода, но јасно е дека ако сакате да бидете меѓу првите 8, треба да бидете постојани во резултатите. Сè уште е рано да се оценува новиот формат. Секоја вечер ќе има интересни натпревари. Ова е атрактивно и за гледачите и за самите фудбалери“, додаде Слот.
Тој знае од каде доаѓа најголемата опасност по голот на Алисон Бекер.
„Сигурно ќе преземаме мерки за да го сопреме Рафаел Леао. Ги анализиравме неговите силни страни. Но, Милан има и други опасни напаѓачи. Треба да се браниме како тим за да се справиме со сите закани“, нагласи Холанѓанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













