Фудбалска Италија има земјотрес откако во јавноста излезе скандалот со нелегално обложување. Фудбалерите Николо Фаџоли, Сандро Тонали и Николо Заниоло се фатени како се обложуваат на фудбалски и тениски натпревари. Фаџоли ќе добие седуммесечна суспензија откако го призна делото и прифати дека ќе мине низ рехабилитациски период, а истото ги очекува и Тонали и Заниоло, но веројатно со подолга суспензија.
Најновата вест е дека се коцка и Масимилијано Алегри. Тоа е уште еден нов удар за Јувентус.
Тој наводно се обложил на натпревари од Серија Б преку пријател кој го уплатил тикетот во негово име. Алегри е фатен и во казино во Монте Карло за време на пандемијата на коронавирус.
„Постојано се коцкаше. Еднаш освоил 30.000 евра, а на човекот му дал 3.000 евра, велејќи дека тоа е за сметката, односно тоа било ливче за обложување. Неговиот пријател го платил ливчето за него. Многу се обложувал на натпревари од Серија Б од казиното“, тврди изворот на Фабрицио Корона, новинарот кој го објави скандалот со нелегално обложување.
На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат, директно или индиректно, на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski