По една деценија молк, во јавноста се појавија фотографии од забавите на холандската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Бразил 2014 година.
„Лалињата“ одиграа одличен турнир и само пенал рулетот ги спречи да стигнат до второто последователно финале, бидејќи загубија на пенали по продолженија во Јужна Африка во 2010 година.

Во Бразил, Холанѓаните од клупата ги предводеше Луј ван Гал, селектор познат по својата строгост, но се покажа дека и тој во еден момент ја изгубил контролата.
Објавени се фотографии на кои се гледа како дел од холандските репрезентативци лудо уживаат.
Клас-Јан Хунтелар е видно пијан, додека Дирк Кајт флертува со Бразилките. На забавата можеа да се видат Јаспер Силесен, Лук Де Јонг како и некои други репрезентативци.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













