
Италијанскиот фудбалер Џанлука Скамака (24) е решен да го напушти Вест Хем Јунајтед во претстојниот преоден рок. Медиумите од Апенините пренесуваат дека Скамака е разочаран од својот статус во источен Лондон и дека летово дефинитивно ќе ги напушти „чеканите“.
Скамака упорно ја грее клупата под водство на менаџерот Дејвид Мојс, особено откако во клубот пристигна Дени Ингс.
Сосема е јасно дека Скамака и следната сезона нема да биде во преден план, а дополнително „гори“ да се врати во италијанската Серија А, бидејќи има понуда од Јувентус.
„Бјанконерите“ се во финансиски проблеми и клубот веќе го подготвува теренот за коренити промени. Душан Влаховиќ се уште има неизвесна иднина и се чини дека е многу поблиску до заминување отколку останување.
Џанлука Скамака би можел да биде негова замена, одлично ја познава италијанската Серија А, Италијанец е, а пред да замине во Англија брилјираше во дресот на Сасуоло со 16 гола во сезоната 2021/22.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
