Фудбалерот на Аталанта, Џанлука Скамака, стана првиот италијански играч кој постигнал два гола против Ливерпул на стадионот „Енфилд Роуд“.
Аталанта синоќа на гостински терен го совлада Ливерпул со 0-3 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа, а Скамака ги постигна головите во 38. и во 60. минута. Стрелец беше и Марио Пашалиќ во 83. минута.
Како што објави денеска „Скај Италија“, Скамака стана првиот италијански фудбалер кој постигнал два гола на „Енфилд“ против Ливерпул.
Поранешниот италијански фудбалер Пјерлуиџи Казираги постигна два гола на „Енфилд“, но играјќи за репрезентацијата против Русија, во групната фаза на Европското првенство во 1996 година.
Скамака на последните осум натпревари во сите натпреварувања постигна шест гола.
Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, не го повика во тимот за пријателските натпревари против Венецуела и Еквадор во март, а Скамака рече дека одлуката била правилна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













