Connect with us

Сити мора да продава: Бернардо Силва и Габриел Хесус заминуваат од „Итихад“

Англискиот првак Манчестер Сити го реализира најголемиот трансфер во историјата на Премиер – лигата, плати 100 милиони фунти на Астон Вила за ангажманот на Џек Грилиш, но сега и ќе мора да продава за да го задоволи финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Најблиску до заминување од „Итихад“ се две ѕвезди, португалскиот ас Бернардо Силва и Бразилецот Габриел Хесус. За првиот „граѓаните“ ќе бараат околу 30 милиони фунти, додека напаѓачот Габриел Хесус е поскап и вреди околу 45 милиони фунти.

Бернардо Силва е желба на шпанскиот првак Атлетико Мадрид, а Габриел Хесус би можел да заврши во Јувентус или евентуално во Интер, доколку Ромелу Лукаку се пресели во Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови