Манчестер Сити и Ајнтрахт Франкфурт се блиску до договор за трансфер на Омар Мармуш, со цена која би изнесувала 80 милиони евра. Според информациите, трансферот треба да биде комплетиран следната недела.
„Скај Германија“ претходно објави дека Сити постигнал устмен договор со Мармуш за условите на неговиот договор.
Дваесет и петгодишниот Египќанец изразил желба да се пресели на „Етихад” уште во јануари, а останува само клубовите да се договорат за точниот износ на обештетување. Оваа сезона Мармуш постигна неверојатни 18 голови и 12 асистенции.
Мармуш ја започна својата кариера во египетскиот клуб Вади Дегли, а потоа настапуваше за Волфсбург, Сент Паули и за Штутгарт. За египетската репрезентација има одиграно 35 натпревари и постигнато шест голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













