
Најтрофејниот македонски клуб Вардар сака назад во елитата, а пред него исправен стои ФК Скопје, кој да биде целата ситуација поневеројатна му го „зеде“ и комплексот во Гази Баба. Проектот што беше јавно приватно партнерство со општината, сега не е во рацете на „црвено-црните“.
Вардар дојде на ниво да биде потстанар, да „моли“ за финансии, но во една таква ситуација тука се „Комитите“ кои го презедоа клубот и со сите сили се трудат барем малку да го стабилизираат.
Во прв момент, барем да им обезбедат пристојни услови на фудбалерите и стручниот штаб за денешниот екстремно важен двобој против ФК Скопје во Кавадарци.
„Сите вардарци во Кавадарци“, повикаа Комити и денеска Вардар сигурно ќе има огромна поддршка од трибините. Дали тоа ќе биде доволно за да се елиминира прволигашот Скопје, ќе покаже пресметката која е закажана со почеток во 17 часот.
Голем хендикеп за тренерот на Вардар, Бобан Грнаров, е отуството на капитенот Дарко Мицевски, кој е опериран и не игра веќе одреден период. Но, и без него, „црвено-црните“ се цврсто решени да успеат во вториот обид за враќање во елитата.
Сепак, ќе се прашува и ФК Скопје. А и фановите од „Автокоманда“ исто така се организираат…
Ќе биде навистина „жешко“ денеска во Кавадарци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal