Силекс е во Баку и вечерва го одржа официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот меч против Карабах, во воведното квалификациско коло од елитното европско клупско натпреварување. Тренерот Горан Симов вели дека шампионот на Азербејџан е фаворит, но дека Силекс сака да ја почувствува атмосферата во Лигата на шампионите.
„Ова е големо искуство за младиот тим на Силекс. Пред некое време мислевме на опстанок во македонскиот шампионат, а сег добивме шанса да играме во квалификациите за ЛШ. И сакаме да ги почувствуваме емоциите што ги носи ова големо европско натпреварување. Ние имаме млад тим, Карабах е голем фаворит, но нема лесно да се предадеме. Противникот има фудбалери кои се репрезентативци во своите држави, а ние дојдовме да го оствариме нашиот сон. Ние сме дел од Лигата на шампионите. Не би го прогнозирал резултатот, може да биде 0-0, 0-5 или 0-7, ќе им кажам на момците да уживаат во секој момент“, изјави тренерот на Силекс.
Мечот меѓу Карабах и Силекс е закажан за утре, со почеток во 18 часот по македонско време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













