Силекс загуби од косовската Дрита со 0-2 во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Тренерот на кратовци Горан Симов ја презема целата вина за поразот.
„И честитам на Дрита за потполно заслужената победа која можеше да биде и многу поубедлива. Првото полувреме игравме плашливо и тие и ние. Во второто полуврем брзо примивме гол и тоа беше крај за нас. Ние не влеговме во натпреварот како што треба и затоа јас ја земам целата одговорност. Јас сум виновен за поразот бидејќи јас требаше да ја издигнам екипата и да ја однесам на прав пат. Немавме никаква идеја, иако бевме агресивни, сепак тоа не беше доволно, бидејќи имавме страв од победа. Ќе повторам најголем кривец за поразот сум јас. Ова е најлошиот натпревар на Силекс откако сум на клупата. Немавме ниту една шанса“, изјави Симов.
Силекс сега се насочува кон настапите во домашниот шампионат во кој во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













