
По поразот од Милан со 3-0 во полуфиналето на Купот на Италија, тренерот на Интер, Симоне Инзаги, донел важна одлука која би можела да има сериозно влијание врз иднината на неколку фудбалери. Според италијанските медиуми, Инзаги планира да се раздели со двајца играчи веднаш штом се отвори летниот преоден рок.
Станува збор за иранскиот напаѓач Мехди Тареми и албанскиот репрезентативец Кристијан Аслани. Иако Тареми пристигна како засилување со големи очекувања, не успеа да се наметне во тимот, додека Аслани добиваше ограничени шанси во ротацијата на средниот ред.
Интер веќе и официјално не може да ја освои „триплетата” оваа сезона, но останува сериозен фаворит за „скудетото“ заедно со Наполи, и сè уште е во игра за финале во Лигата на шампионите, каде што на 30 април ќе се соочи со Барселона во првиот полуфинален дуел.
Во меѓувреме, градскиот ривал Милан обезбеди финале во Купот на Италија, победувајќи убедливо со 3-0, со два гола на Лука Јовиќ.
Се очекува летото да донесе значајни промени во тимот на Интер, особено ако не се остварат сите поставени цели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
