Диего Симеоне изрази голема почит кон Реал Мадрид пред утрешниот осминафинален дуел во Лигата на шампионите, нагласувајќи дека натпреварот е спектакуларен не само за Мадрид, туку и за цела Шпанија.
„Ова е натпревар со многу почит кон силен противник. Знаеме дека и тие нè почитуваат. Претходните дуели немаат никакво влијание. Важно е што Шпанија сигурно ќе има претставник во четвртфиналето. Ова е можност за нас, играчите, да уживаме во еден ваков голем натпревар“, изјави Симеоне.
Тој смета дека дуелите со Реал Мадрид ќе се решаваат во детали и не прифаќа концепт на фаворит.
„Ги знаеме нашите силни страни и ќе се обидеме да го однесеме натпреварот во наша корист. Деталите ќе бидат клучни, бидејќи и двата тима знаат како да се носат со елиминациски натпревари“, додаде аргентинскиот стратег.
Симеоне исто така истакна дека е задоволен од играта на Хулијан Алварез:
„Тој е млад и има огромен потенцијал. Се надевам дека ќе му помогнеме да продолжи да напредува. Задоволен сум од головите што ги постигнуваме преку контранапади, бидејќи Хулијан се снаоѓа одлично во такви ситуации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













