
Силекс, Шкендија и Работнички ќе презимат на врвот на табелата во Првата лига. Трите екипи имаат по 37 бода и се разликуваат само во гол-разликата, и тоа незначително.
Шкендија одигра 0-0 против Гостивар на дербито во Тетово.
Силекс го совлада Вардар со 1-0 во Кратово. Кристијан Ефтимов во 28.минута го постигна единствениот гол за триумф на кратовци. Се чини дека сакаше да нафрли, но на крајот топката заврши зад грбот на Гачевски.
На овој натпревар имаше и две исклучувања, за Донов од Силекс и за Ѓуриќ од Вардар.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ славеше против Пелистер со 3-0. Двоен стрелец беше Атдхе Мазари, а гол постигна и Али Регба, кој имаше и асистенција за третиот погодок.
Шампионот Струга Трим Лум оствари очекуван триумф (2-1) против Воска Спорт. Стрелец на првиот погодок беше Христијан Малески во шестата минута од дуелот, а во финишот имаше уште по еден гол на двете страни. Осеи погоди за Воска, а во 86.минута уште еден гол за победа на Струга ТЛ од Малески.
Тиквеш ја пречека Брера во Кавадарци и победи со 2-0. Давид Манасиевски беше стрелец на водечкиот гол за домаќините во 45.минута, а Кристијан Стојкоски го потврди триумфот.
Беса загуби со 0-1 на дуелот против Шкупи. Голманот Захов во 57.минута несреќно ја погоди својата мрежа.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 18. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 0-0
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-0
СИЛЕКС – ВАРДАР 1-0
СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ 2-1
ТИКВЕШ – АП БРЕРА 2-0
БЕСА – ШКУПИ 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
