
Швајцарија ја доби директната пресметка со Србија со 3-2 и обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Бразил е првопласиран во групата иако вечерва загуби од Камерун со 1-0. „Кариоките“ ќе вкрстат против Јужна Кореја, додека Швајцарија ќе игра против Португалија на стартот од нокаут фазата.
Џердан Шаќири го отвори резултатот во 20.минута, но само шест минути подоцна израмни Александар Митровиќ со удар со глава по центаршутот на Тадиќ. Во 35.минута, Србија дојде до пресврт откако Душан Влаховиќ постигна нов погодок.
Но, Швајцарија сепак го врати резултатот во егал со голот на Брил Емболо во 45.минута од дуелот.
Србија прими гол и на стартот на второто полувреме, откако по одличната акција на Шаќири и на Варгас, Ремо Фројлер ја затресе мрежата на Вања Милинковиќ-Савиќ. Тогаш беше јасно дека дефанзивниот дел од тимот на Драган Стојковиќ Пикси е маана која не може лесно да биде надоместена.
Бразил исто така го почувствува првиот пораз на Мундсијалот откако загуби од Камерун со 1-0. Селекторот Тите им даде шанса на „резервистите“, предводени од Дани Алвеш, кој стна највозрасниот капитен во историјата на бразилскиот национален тим, а стрелец за Камерун беше Винсент Абубакар во судиското продолжение. Само две минути по постигнатиот гол тој беше и исклучен поради два жолти картони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
