Ситуацијата во хрватскиот шампион Динамо Загреб е сѐ понапната, што се однесува до капитенот Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец има понуда и од германскиот прволигаш Штутгарт да се пресели во Бундес-лигата, но тренерот Анте Чачиќ, кој сега ја извршува и функцијата спортски директор, не му дозволува да замине од „Максимир“ со образложение дека му е потребен на тимот.
Адеми има понуда и од турскиот прволигаш Адана Демирспор. Тренерот Винченцо Монтела лично инсистира токму Адеми да биде засилувањето на Адана во средниот ред.
Адеми од 2010 година е член на Динамо Загреб и рекордер е во многу статистички категории, па заслужува клубот да му излезе во пресрет за трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













