Connect with us

Халанд бил на чекор до Јувентус за само 2 милиони евра

Актуелниот извршен директор на Интер, Џузепе Марота беше вработен во Јувентус во минатото. Во сензационално интервју, тој откри дека гигантите во Торино стигнале на чекор до потписот на Ерлинг Халанд за само 2 милиони евра.

„Најмногу жалам за договорот со Халанд кога бев извршен директор на Јувентус. Имавме шанса да го ангажираме за 2 милиони евра од Молде, трансферот тогаш беше многу блиску до реализирање,” откри Марота. „Сега е невозможно да се види Халанд во Серија А – нема шанси некој од италијанските клубови да го доведе следното лето“.

Халанд, кој сега буквално постигнува голови за забава, нашироко се смета за еден од најдобрите млади играчи на планетата. Тој се очекува да ја напушти Борусија Дортмунд следното лето, но како што со право забележа Марота, италијанските клубови не се во трка, најмногу поради нивната нестабилна финансиска состојба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови