Connect with us

Шобошлаи ја донесе првата победа за Ливерпул во ерата на Арне Слот (ВИДЕО)

Ливерпул победи со 1-0 против Бетис во првиот од трите пријателски натпревари во САД. Единствениот гол на натпреварот го постигна Доминик Шобошлаи во 34. минута. Ова беше и дебитантска победа на кормилото на тимот од Ливерпул за новиот менаџер Арне Слот, откако пред една недела тимот загуби со ист резултат против Престон.

Како стартери за Ливерпул почнаа Фабио Карваљо и Сеп ван ден Берг, кои минатата сезона беа позајмени и покажаа напредок. Мохамед Салах го предводеше тимот со капитенската лента, а единствениот што не влезе во игра беше 17-годишниот Амара Нало.

На трибините на стадионот во Питсбург имаше слободни места – нешто што тешко дека ќе се случи на следните натпревари на Ливерпул на американско тло. Во следните натпревари, противници на „црвените” ќе бидат Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Шобошлаи и Харви Елиот играа во нападот за тимот на Слот, а по крилата напаѓаа Салах и Карваљо. Во 14. минута Салах шутираше над голот од изгледна позиција. Малку подоцна, Роман Перо пропушти да му донесе предност на Бетис. На средината од полувремето, Кертис Џоунс доби удар и беше заменет, а неговото место го зазеде младиот Треј Ниони.

Во 34. минута, Шобослаи ја освои топката на средината од теренот и го проигра Салах. Египќанецот ја продолжи акцијата и мајсторски го пронајде Шобошлаи, кој успеа да го совлада голманот на Бетис, Адриан. Ветеранот се приклучи кон својот матичен клуб токму од Ливерпул ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови