Македонскиот прволигаш Шкупи излезе со официјално соопштение со кое ја поддржува комплетната истрага околу наводите за местење натпревари и обложување во Првата македонска лига.
„Како ФК Шкупи, даваме целосна поддршка на написите за истрагата за наводите за местење натпревари и обложување во Првата фудбалска лига на Македонија, опфатени последните неколку години, а кои неодамна беа споделени со јавноста. Секоја работа поврзана со целосните истраги на овој случај, ја гледаме како доста позитивна на овој случај и извлекувањето на фактите е многу неопходна и соодветна одлука. Ние како ФК Шкупи потполно ја поддржуваме истрагата што треба да се направи за овој случај и како клуб сме отворени за секоја задача од наша страна. Сметаме дека ова истражување е многу важно за фудбалот во Македонија.
Ова е многу важна тема. ФИФА, Интерпол, македонската полиција, македонското обвинителство, треба да ја завршат својата работа за да го истражат овој случај две години наназад. Сите телефонски броеви на судиите, телефонските разговори пред натпреварите, сите овие работи треба да ги истражува ФИФА и овие валкани работи да излезат на виделина до крај“, се вели во соопштението на ФК Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













