Македонскиот прволигаш Шкупи официјално го претстави Хасан Озер за нов тренер откако денеска беше потпишан договорот на подготовките во Турција.
По денешниот меч против Ахмат Грозни, раководството на клубот склучи договор со Хазан Озер. Тој го наследи Умит Каран и ќе биде трет тренер на Чаир оваа сезона.
„Среќен сум затоа што ја добив довербата од Шкупи. Се работи за одличен тим и задоволен сум од она што го гледам на подготовките. Дојдов во Шкупи со амбиции да ја освојам титулата која се чека долги години. Знам дека за конкурент ја имаме Шкендија која е многу силен тим, ама во фудбалот ништо не е невозможно. Ја почнуваме сезоната со Борец, се надевам дека работите ќе одат според планот. Втората цел ни е излез во Европа и влез во групната фаза“, изјави Озер.
Претходно Озер има работено како асистент во неколку турски клубови, Манисаспор, Газијантеп, Бурсаспор, Ризеспор, Кајзериспор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













