
Македонскиот прволигаш Шкупи го засили нападот со Џемал Ибиши. 23-годишниот напаѓач потпишано договор до јуни 2025 година откако замина од Тиквеш, тимот каде на 18 натпревари постигна три гола и забележа три асистенции.
Ибиши беше младински репрезентативец на Македонија во селекциите до 17, 19 и до 21 година, кариерата ја започна во Вардар, а потоа продолжи во Хрватска во Локомотива Загреб, Дубрава и Загреб, Ориент Риека. Првиот дел од сезоната го одигра во дресот на Тиквеш.
„Среќен сум што ќе бидам играч на ФК Шкупи, клуб со големи аспирации. Најпрво сакам да изразам благодарност за топлото добредојде од моите соиграчи, стручниот штаб и раководството на клубот. Привилегија е да се биде во таква средина и да се игра пред посветена база на навивачи. Со надеж за добро здравје и спортска среќа, верувам дека ќе ги постигнеме целите што му припаѓаат на овој клуб и на сите негови навивачи“, изјави Ибиши.
Џемал Ибиши ќе му биде на располагање на тренерот Младен Жижовиќ за следните натпревари кои ќе се играат на подготвките во Анталија, Турција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
