Шкупи има шест бода негатива во однос на лидерот Шкендија, но има намера сериозно да го засили тимот во зимската пауза во трката за шампионската титула. Веднаш по завршувањето на есента Шкупи стана активен и на трансфер-маркетот. Го договори талентираниот офанзивец на Академија Пандев, Кристијан Трапановски, но се подготвува уште поголем потег, ангажманот на Матеј Цветановски од Вардар.
Ситуацијата во Вардар е хаотична веќе подолг период, замина и тренерот Александар Васоски, а веројатно тоа ќе го сторат и најголем дел од фудбалерите кои одамна немаат редовна исплата. Шкупи е силно заинтересиран да го види во своите редови Матеј Цветановски.
Покрај него, најавено е доаѓање и на репрезентативец на Руанда, Абдул Руатубиаје, кој игра во дефанзивната линија. Голема ќе биде битката да се задржи и најдобриот стрелец во есенскиот дел од шампионатот, Гамбиецот Дамбо Дербо за кого постои сериозен интерес од неколку клубови.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













