Connect with us

Шкупи го доби дербито со Шкендија, реми за Струга ТЛ во Кавадарци

Актуелниот првак Шкупи ја доби дерби – пресметката против Шкендија во Кичево со 2-0 и се доближи до лидерот Струга Трим Лум, која на стартот на пролетта ремизираше (1-1) на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци.


Фреди Алварез беше стрелец на водечкиот гол за Шкупи. Тој шутираше од 12 метри откосо од десната страна и го совлада Талевски во 36.минута.

Шкендија не беше без шанси, одлични можности пропуштија Хасани и Милев. Трапановски во судиското продолжение го постави конечниот резултат за триумф на Шкупи од 2-0.


Александар Мишов постигна гол за Тиквеш на дуелот против Струга Трим Лум. Тој стрелаше во 43.минута. Сепак, стружани успеаја да стигнат до реми со гол во 87.минута. Валентин Кочоски постигна убав гол од слободен удар за еден бод за лидерот.


Академија Пандев славеше победа (0-1) на гости против Македонија ЃП. Михеили Ергемлидзе во 74.минута погоди за три бода за „пандевци“ во Ѓорче Петров.


Работнички триумфираше со 0-2 против Победа во Прилеп. Дејан Ѓуриќ во 14.минута со удар со глава донесе предност за „романтичарите“, а Крсте Велкоски од слободен удар во 89.минута го постави конечниот резултат.


Брегалница и Скопје ремизираа без голови на дуелот во Штип.

ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ


ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-0


ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 1-1


ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-2


МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-1


БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ 0-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови