Македонскиот прволигаш Шкупи доведе големо засилување во последните часови од зимскиот преоден рок. Тимот од Чаир потпиша договор со репрезентативецот на Гвинеја, Мамадуба Бангура. 20-годишниот напаѓач треба да допатува многу брзо во Македонија и да му се приклучи на составот на Хасан Озер.
Шкупи оваа зима го загуби најдобриот стрелец во есенскиот дел од првенството, Дембо Дарбо, кој направи трансфер во Шахтер Салигорск, но доведе неколку нови имиња во нападот со кои ќе атакува и на шампионската титула.
Во првото пролетно коло, Шкупи му гостува на Борец во Велес.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













