Фудбалерите на Шкендија ја заокружуваат првата фаза од подготовките во Тетово и од 24. јануари до 8. февруари ќе се преселат во Анталија, Турција. Во турскиот туристички спортски центар ќе одиграат и четири меѓународни пријателски натпревари, три со екипи од Украина, а четвртиот противник е клуб од Казахстан.
Шкендија серијата контролни натпревари ќе ја отвори на 25 јануари против Зорја, а пет дена подоцна следи дуел против Десна Чернихив. На 3 февруари е закажан тест со Каисар (Казахстан), а најсилната контрола Шкендија ќе ја има против Динамо Киев (Украина) на 7 февруари. Ден подоцна следи и враќањето во Македонија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













