Connect with us

Шкендија ремизираше со Струга, “нула” на Арената, победи за Гостивар, Шкупи и Силекс

Шкендија во дерби – натпреварот на 11 коло во Првата лига во Тетово го пречека актуелниот шампион Струга Трим Лум и ремизираше, 1-1. Бесарт Ибраими беше стрелец на водечкиот гол за Шкендија во 30.минута од пенал. Сепак, Ланре Кехинде успеа да израмни на дербито во Тетово во 73.минута.

На Националната арена „Тодор Проески“ се одигра дуелот меѓу Вардар и Работнички. На крајот, ниту вардарци, ниту „романтичарите“ не покажаа ништо посебно, па пресметката заврши 0-0.

Шкупи на Чаир го победи Тиквеш со 2-1. Флоријан Кадриу во петтата минута го отвори резултатот, но израмни Едиз Спахиу во 24.минута. Сепак, нова предност за Шкупи обезбеди Аворнио со голот во 32.минута. Во вториот дел Кадриу постигна уште еден гол за Шкупи и ја завери победата.

Во Кратово, Силекс ја оправда фаворитската улога против Беса и победи со 2-0. Еди Алиќ во 15.минута беше стрелец за кратовци, а потврдата на триумфот дојде во судиското продолжение кога погодок постигна Осман Маронг.

Гостивар на „Борис Трајковски“ ја пречека Брера и победи со 4-1. Мартин Ѓорѓиевски ја доведе Брера во водство во 13.минута, но до крајот на првиот дел Гостивар направи комплетен пресврт. Огузан Ајдоган во 42.минута израмни, а Алдаир се погрижи да биде 2-1 на полувремето.

Иван Ивановски во 48.минута постигна трет гол за Гостивар. Во финишот уште еден гол за домаќините за конечни 4-1.

Во Охрид интересен дуел имаа Воска Спорт и Пелистер. Домаќинот стигна до водство со голот на Донарт Ибраими во 20.минута од мечот, но Пелистер израмни во 85.минута.

ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 1-1
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 3-1
ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР 1-1
ГОСТИВАР – АП БРЕРА 4-1
СИЛЕКС – БЕСА 2-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови