Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Шкендија, ремизираше (1-1) против Зорја на пријателскиот натпревар во Анталија.
Тетовскиот тим поведе во 13. минута со голот на Дориев на асистенција на Ибраими, а конечните 1-1 ги постави Комченовски во 28. минута. На овој меч во составот на Шкендија дебитираше новото засилување Рубин Хебај.
Струга Трим Лум славеше на тестот против Пелистер со 2-3. Битолскиот тим поведе со 2-0 со головите на Талески во 19. и на Размоски во 22. минута. Скендери до крајот на првото полувреме намали на 2-1 во 39.минута.
Струга Трим Лум беше подобар ривал во второто полувреме и стигна до пресврт со погодоците на Босанчиќ во 59. минута и на Миленкоски две минути подоцна. На овој меч беа покажани и два црвени картони, на Илиевски и на Таири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













