Тетовска Шкендија во 29. натпревар во Лигата на Европа во својата клупска историја, во 3. квалификациско коло од сезоната 2020/21 вечерва против лондонски Тотенхем на арената „Тодор Проески“. Без сомнение, дуелот со Тотенхем е максимален предизвик за тетовци во обидот да го потврдат сопствениот фудбалски квалитет.
Факт е дека Шкендија е тотален аутсајдер пред мечот со англискиот гигант, но сето тоа е само ослободување дополнително од притисокот и можност, кога нема што да се загуби, да се дојде до посакуваното чудо.
„Сите сме подготвени да дадеме максимум. Тотенхем е голем фаворит, но ние нема да излеземе на терен со бело знаме. Во фудбалот се случуваат изненадувања, а ние ќе дадеме се од себе да дојдеме до тоа. Свесен сум дека Тотенхем има многу добри фудбалери кои секоја недела играат против многу подобри тимови од нас. Сум играл многу силни натпревари со Македонија и Шкендија изминативе години. Имам добри натпревари против одлични фудбалери како Левандовски и Арнаутовиќ. Вистина е дека досега Кејн сум го видел само на телевизија, но нивниот квалитет нема да не спречи да дадеме максимум и пак ќе повторам дали тоа ќе е доволно на крајот“ – вели репрезентативецот Егзон Бејтулаи.
Речиси еднакво е размислувањето и на шефот на стручниот штаб, Ернест Ѓока…
„Натпреварот е специфичен бидејќи сите знаеме кој е Тотенхем и што тие претставуваат. Ние сме подготвени и знам дека утре ќе дадеме максимум и ќе видиме дали тоа ќе биде доволно. Свесни сме за големата разлика меѓу двата клуба, сепак мора да пробаме да бидеме дисциплинирани и да ги завршиме нашите задачи. Знаеме дека изненадувања се случуваат“ – истакна Ѓока.
Натпреварот меѓу Шкендија и Тотенхем во 3. коло од квалификациите за Лига Европа се игра вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













