
Шкендија на убедлив начин славеше против Македонија ЃП со 4-1 и по 21.коло во ПМФЛ ја намали негативата во однос на лидерот Вардар на осум бода. Омар Имери во 39.минута донесе водство за Шкендија, а Македонија ЃП израмни во 58.минута од пенал. Успешен реализатор на ударот од 11 метри беше Ален Јашароски.
Но, Меџит Незири повторно донесе водство за домашниот тим, а Омар Имери во 64.минута зголеми и на 3-1. Арбин Зејнулаи го постави конечниот резултат во 80.минута од дуелот.
Ренова освои три бода на Чаир, совладувајќи го Шкупи со 2-3. Шкупи во вториот дел остана со двајца фудбалери помалку поради исклучувањата на Дарко Глишиќ и Нето.
Шкупи поведе со голот на Сержињо во 24.минута, но гостите имаа супер финиш на првиот дел и заминаа со предност од 1-2 на одмор, со головите на Флоријан Кадриу во 44.минута и на Илирид Адеми само минута подоцна.
Флоријан Кадриу со својот втор гол зголеми на 1-3 во 65.минута, а надеж дека Шкупи може до бод врати повторно Сержињо во 80.минута. Сепак, бодовите отпатуваа за Тетово.
Академија Пандев и Борец ремизираа без голови во Струмица, придружувајќи се на двата меча кои се одиграа вчера, а на кои исто така немаше погодок. Без голови се играше на дуелите Вардар – Работнички и Струга Трим Лум – Силекс.
ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-1
ШКУПИ – РЕНОВА 2-3
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 0-0
ВЧЕРА
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 0-0
Табела: Вардар 43, Шкендија 35, Силекс 32, Македонија 29, Академија Пандев 28, Шкупи 25, Струга ТЛ 25, Ренова 25, Работнички 22, Борец 21.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов проблем за Арсенал, се повреди Каи Хаверц

Интернационалци
Јован Манев потпиша за Ријека

Евро-фудбал
Анчелоти: Сезоната за Реал допрва почнува
