
Лидерот Работнички и понатаму е непоразен. „Романтичарите“ не го освоија Кратово имаа водство и фудбалер повеќе на теренот, но одиграа 1-1 и сѐ уште се единствениот тим без пораз во Првата лига.
Тимот на Горан Станиќ поведе со 0-1, со голот на Али Регба постигнат во 20.минута. Тој на одличен начин го мина директниот чувар по левата страна и со лоб удар успеа да го совлада голманот на Силекс, Љупче Џеков.
Силекс од 55.минута играше со фудбалер помалку, откако беше исклучен Милош Николиќ поради груб старт.
Сепак, Силекс нападна со десетмина, а израмнувачкиот погодок го постигна Ади Алиќ во 78.минута, со удар со глава, по нафрлувањето од левата страна.
Шкендија ја победи Беса со 2-1. Флорент Рамадани во 14.минута го отвори резултатот, а девет минути подоцна Бесарт Ибраими зголеми на 2-0. Беса намали преку Башким Велија во 32.минута од дуелот.
Гостивар на домашен терен играше против Пелистер, но не успеа да го пробие бедемот пред голот на гостите и одигра 0-0.
Шампионот Струга ТЛ успеа во финишот да го победи Тиквеш во Кавадарци со 0-1. Кавадарчани пропуштија голема можност за водство во 71.минута, кога Благоја Спиркоски не реализираше пенал. Тој го погоди дирекот од голот на Ќосевски.
Во 88.минута, Бојан Илиевски со удар со глава по корнерот од десната страна, го постигна победничкиот гол за првакот.
Вардар им се врати на поразите, откако одигра 0-0 против Работнички во минатото коло. Сега на Националната арена „Тодор Проески“ загуби од Брера со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Ѓорѓе Ивковиќ, а Горазд Михајлов успеа да го победи својот поранешен клуб.
Воска Спорт и Шкупи во Охрид одиграа возбудлив натпревар, а славеше домаќинот со 2-1. Абдулхади Јахја во 35.минута донесе водсто за Воска, а израмни Фабрис Тамба во 56.минута. Во 80.минута, Воска дојде до нова предност со голот на Јахији, а во финишот дури и до трет гол од пенал што го реализираше Вуковиќ.
ПРВА ЛИГА, 12. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ГОСТИВАР- ПЕЛИСТЕР 0-0
ШКЕНДИЈА – БЕСА 2-1
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-1
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 0-1
ВАРДАР – БРЕРА 0-1
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 3-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski