Македонскиот фудбал си дочека дерби на дното меѓу Шкендија и Работнички во 5. коло од Првата лига. Екипите кои изминатава декада во домашниот фудбал нанижаа бројни титули во првенството и во Купот, по очајниот старт на сезоната сега во битка за избегнување на последната позиција на табелата.
Шкендија од клупата ќе биде предводена од Ерхан Селими, по оставката на Ќатип Османи. Па сега на досегашниот прв асистент оставен е товарот за извлекување на шампионот од неочекуваната долга резултатска криза.
Од друга страна и Работнички е во силна потрага по позитивни резултати. Голманот Дамјан Шишковски се надева дека Работнички може да оствари позитивен резултат.
„Шкендија е квалитетен тим, актуелен првак е иако не ја започна најдобро оваа сезона. Сигурно дека ќе сака брзо да го подобри пласманот. Но, и ние имаме свои планови и се надеваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, вели Дамјан Шишковски за официјалниот сајт на клубот.
ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (15 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Вчера: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА 2-0
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













