
Шкендија доживеа елиминација од Тотенхем, не разочара, но немаше сили за да го изненади посериозно англискиот премиерлигаш. Само три дена подоцна, фудбалерите на Ернест Ѓока мораат повторно да се фокусираат на домашните обврски. Шкендија денеска гостува под „Тумбе кафе“ и ќе игра против Пелистер, а посакува триумф за да го одбрани првото место на табелата од Шкупи.
Во тимот се враќа и „моторот“ Арменд Алими, со него можеби ќе беше уште подобро изданието и против Тотенхем, а ќе треба креација за да се разбие цврстиот бедем на Пелистер кој го гради Зоран Штерјовски. Битолскиот тим пак, секако ќе сака да остане непоразен во пресметката со фаворитот.
Вардар е фаворит против Беласица на арената „Тодор Проески“, а Ренова во Тетово го пречекува тимот на Македонија ЃП.
Шкупи оди на гости во Струга, тоа исто така е интересен дуел. Составот на Срѓан Захариевски игра одлично на домашен терен, а Шкупи ако сака да покаже шампионски амбиции ќе мора да освојува бодови на ваквите гостувања.
Академија Пандев во Струмица денеска го пречекува Силекс. Бодовите се важни и за двата тима, посебно за струмичкиот прволигаш кој сака конечно да исплива од дното каде се наоѓа заедно со „сограѓаните“ од Беласица.
Вчера во Велес, Борец и Работнички ремизираа без голови во првиот меч од седмото коло во Првата фудбалска лига.
ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА
Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС
ВЧЕРА
Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
