
Шкендија влезе во серија кога се засилувањата во прашање. По Рубин Хебај и Игор Вандерсон да Силва, ново име во тимот од Тетово е Камер Кака. Тој игра во средниот ред и доаѓа од норвешкиот Конгсвингер, а е повремен репрезентативец на Албанија. Треба да ја засили линијата за врска во тимот на Ерест Ѓока и најверојатно е замена за Енур Тотре, кој треба да биде продаден до крајот на зимскиот преоден рок.
Камер Кака има 25 години, најголем дел од кариерата ја минал во клубови од Романија и од Норвешка и треба да биде големо засилување за Шкендија. Тој потпиша договор на 18 месеци со тетовскиот клуб.
„Чест е да се биде фудбалер на Шкендија. Слушнав многу убави работи за клубот и за квалитетот на тимот. Знам дека Шкендија е многу силна во домашниот шампионат, но и дека одигра навистина добри мечеви во Европа. Се надевам дека ќе помогнам уште повеќе да го зголемиме нивото и заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Камер Кака.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
