Шкендија утре ќе го означи стартот на зимските подготовки, на кои тетовци ќе стартуваат посилни за Валон Ахмеди. Албанскиот фудбалер кој има и два настапи за А-селекцијата на оваа земја доаѓа во таборот на тетовци од таборот на хрватскиот прволигаш Интер Запрешич, а претходно низ кариерата има настапувано и за Кирјат Шмона во Израел, како и за Марибор и Целје во Словенија, но и за италијанскиот нисколигаш Судтирол, каде ја почна професионалната кариера.
„Сакам да им се заблагодарам на сите во Шкендија за топлото добредојде, за професионализмот и за довербата што ја имаат во моите фудбалски квалитети. Знам дека доаѓам во голем клуб и можам да ветам дека со максимална работа на тренинзите и натпреварите ќе ја оправдам довербата“ – изјави Ахмеди по потписот на договорот, кој е со времетраење од три и пол години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)













