
Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, тимот на Шкендија, ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната, но засега нема големи засилувања во составот на Ернест Ѓока. Можеби најголемото ќе биде ако новопечениот репрезентативец Енур Тотре остане во Тетово до крајот на сезоната. Иако има понуда од Полска, сепак, Шкендија го убедува Тотре да потпише нов договор под поволни услови, а трансфер да прави на лето кога и побарувачката ќе биде многу поголема. И уште ако биде дел од селекцијата на Македонија што ќе настапи на Европското првенство, тогаш и цената ќе биде поголема.
Шкендија се уште не се откажува и од ангажманот на Ферхан Хасани. Тој беше речиси договорен со Тирана, но клубот доби забрана за нови трансфери, па сега Индија и Косово се земјите каде би гравитирал Хасани. Шкендија се надева дека ќе успее да го убеди да се врати дома со убава понуда за двегодишен договор.
Офанзивниот дел од тимот треба да го засилат двајца Африканци. Тие се понудени на раководството на Шкендија и наредните денови треба да биде одлучено дали и дефинитивно ќе пристигнат во Тетово. Има контакти и со Бразилецот Теко кој е слободен агент, а претходно бил член на албанскиот Лаци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Неџипи е нов спортски директор на косовскиот Балкани

Евро-фудбал
Нејмар по пет месеци го напушта Сантош?
