Македонскиот претставник Шкендија, доколку успее да направи сензација и на 24 септември го елиминира англискиот премиерлигаш Тотенхем во третото коло од Лигата на Европа, во плејофот од ова натпреварување ќе игра против победникот од мечот Ростов – Макаби Хаифа. Вака одлучи денешниот ждреб на УЕФА. Тој дуел Шкендија исто така би го играла на домашен терен.
Мечот на годината за Шкендија секако ќе биде гостувањето на Тотенхем на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 24 септември.
Аријан Адеми и Динамо во плејофот за Лигата на Европа ќе се сретнат со победникот од дуелот Флора Талин – Флоријана. Тирана ќе игра против Јанг Бојс. Црвена Звезда во плејофот ќе игра со победникот од мечот Арарат – Целје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













