
Голманот Дамјан Шишковски се враќа во редовите на Работнички, објави клубот. Тој се договори со раководството на „романтичарите“ за едногодишна соработка која ќе отпочне откако ќе завршат обврските на голманот Шишковски со финскиот клуб Ропс, кој ќе земе учество во квалификациите за Лигата на Европа. По овие настапи, Шишковски ќе се приклучи на составот на новиот тренер Александар Влахо.
Утре Работнички ќе ги стартува летните подготовки за новата сезона. Шефот на стручниот штаб Александар Влахо ќе ја изврши првата прозивка во клупските простории, со почеток во 18 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal