Англија е вториот финалист на Европското првенство. Тимот на Герет Саутгејт во полуфиналето со пресврт ја победи Холандија со 2-1 и обезбеди дуел со Шпанија за титулата европски првак.
Холанѓаните рано поведоа со прекрасен гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо израмни од пенал.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс и со гол во 90. минута обезбеди второ последовно финале на Европско првенство за Англија. Во минатото, загубија од Италија.
Англија вечерва го одигра далеку најдобриот натпревар на турнирот, а со тоа се согласува и коментаторот на „Би-Би-Си“, Алан Ширер. Легендарниот напаѓач беше особено импресиониран од првото полувреме на Англија.
„Да, повремено го критикувавме Саутгејт. Но, првото полувреме против Холандија беше величествено. Беше повеќе од она што сакавме да биде. Секоја му чест“, рече Ширер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













