Connect with us

Шест лица од Шкендија и од Ренова позитивни на Ковид-19

Негативни вести од Тетово кога е во прашање продолжението на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. Согласно протоколот за тестирање на сите клубови од Ковид-19, во текот на вчерашниот ден беа тестирани фудбалерите и членови на стручните штабови и раководства на двата тетовски прволигаши Шкендија и Ренова.

Резултатите, по тестирањата, кажуваат дека има четворица позитивни на Ковид-19 од ФК Ренова и двајца од ФК Шкендија. Имињата не се спомнуваат, но истите уредно се доставени до двата клуба кои ги откажаа денешните тренинзи а лицата се ставени веднаш во карантин.

„Денес за жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид 19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибадем Систина за жал имаме позитивни случаеви. Информацијата ја имавме уште доцна синоќа но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до Фк Ренова и Фк Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на Фк Ренова и двајца во таборот на Фк Шкендија. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига“ – информираат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови