
Војчех Шчешни откри дека добил понуда од Барселона да потпише нов двегодишен договор со клубот. 34-годишниот полски голман, сепак, сè уште не донел конечна одлука и ќе разговара со својата сопруга пред да одговори на понудата од клубот.
Како што е познато, Шчешни планираше да ја заврши кариерата по заминувањето од Јувентус, но Барселона се обрати кон него по повредата на Марк-Андре тер Штеген, што ги промени неговите планови.
„Не го кријам фактот дека ми понудија двегодишно продолжување на договорот, но треба да разговарам со семејството и да донесам заедничка одлука за тоа што е најдобро за нас. Мислам дека му должам на семејството, на мојата сопруга, да ги донесеме тие одлуки заедно, па затоа уште не сум одговорил. Повеќето одлуки во нашиот дом ги носи мојата сопруга и не се срамам од тоа. Фудбалските одлуки ги носам јас, но ова е многу необична ситуација…“, изјави Шчешни.
Тој додаде дека логистичките аспекти, како што се образованието на децата и преселбата, исто така ќе влијаат на неговата одлука. Засега, како што вели, ужива во сè што се случува и не се оптоварува дали ќе остане во Барселона или не.
Во тековната сезона, Шчешни има 23 победи, четири ремија и два порази со екипата на Барселона, и забележа 13 натпревари без примен гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
